More

    Втора ненадејна смрт за една година во нафтениот гигант што му се спротивстави на Путин

    spot_img

    Владимир Некрасов, претседателот на Лукоил, втората по големина нафтена компанија во Русија, ненадејно почина на 66-годишна возраст, објави Си-Ен-Ен.

    – Со големо жалење известуваме за ненадејната смрт на Владимир Иванович Некрасов. Според прелиминарниот заклучок на лекарот, смртта настапила од акутна срцева слабост – пишува во соопштението на компанијата објавено на нивната веб-страница.

    Некрасов со децении работеше во индустријата за нафта и гас. Тој ги извршуваше и позициите на прв потпретседател на Лукоил и советник на претседателот на компанијата.

    Неговиот претходник на раководната позиција во Лукоил, Равил Маганов, почина пред нешто повеќе од една година, откако паднал низ прозорецот на болницата во Москва, според објавата во руските државни медиуми.

    Компанијата ја потврди смртта на Маганов во септември минатата година, велејќи дека тој „умрел по тешко боледување“, но не го спомна падот.

    Лукоил, кој произведува повеќе од 2% од светската сурова нафта и вработува повеќе од 100.000 луѓе, се најде на насловните страници во март 2022 година, кога стана една од само неколкуте руски компании кои јавно застанаа на страната на Украина погодена од руската инвазија.

    Во соопштението до акционерите, клиентите и вработените, одборот на директори на Лукоил тогаш упати апел за „што поскоро прекинување на вооружениот конфликт“ во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img