More

    Втора измама со биткоини во Куманово, жена била оштетена за околу 88.000 денари

    spot_img

    Уште една измама, втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и деветгодишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 88.338 денари, информираше денеска СВР Куманово.

    Таа вчера го пријавила случајот во СВР Куманово, а претходно зела брз кредит за да ја добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.

    Според пријавеното, лицето ѝ се претставило дека е од „агенција за биткоини“, ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да ѝ ги префрли парите, таа требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит, парите ѝ биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините, соопшти полицијата.
    СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

    Претходно, на 15 ноември, 45-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен за сума од 200.000 денари. Измамникот наводно го информирал дека има 14.500 долари од сметката на биткоини. И тој, како што тогаш соопшти полицијата, зел брз кредит за да ги уплати парите. И нему му се претставило лицето дека е од „агенција за биткоини“, па му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари, по што му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што беше пријавено, лицето му рекло дека „за да може да му ги префрли парите, тој требало да има 200.000 денари на сметката“, а откако пријавувачот подигнал брз кредит, парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img