More

    Врвни лекари го кажаа своето мислење за состојбата на Кејт, каков вид рак може да има и кое е неговото потекло

    spot_img

    Врвни лекари го кажаа своето мислење за состојбата на Кејт, каков вид рак може да има и кое е неговото потекло, пренесува британскиот Дејли рекорд.

    – Според неколку врвни онколози со кои разговарав, таа најверојатно има ран карцином на дебелото црево, кој бил хируршки отстранет и излечен, или ран рак на јајниците, матката или на грлото на матката, кој е случајно пронајден – вели клиничкиот професор по медицина од њујоршкиот медицински центар „Ленгон хелт“, д-р Марк Сигел.

    Претходно лекарите сметаа дека Кејт има Кронова болест, па можно е сега да има рак на дебелото црево бидејќи Кроновата болест во голема мера го зголемува ризикот од рак на дебелото црево, шпекулираат експертите.

    Кејт Мидлтон пред неколку дена објави дека боледува од рак, но за деталите од болеста не проговори во јавноста.

    – Нема да споделуваме дополнителни приватни медицински информации. Принцезата има право на медицинска приватност и сега е на пат кон закрепнување бидејќи започна со превентивна хемотерапија – се огласи портпаролот на палатата Кенсингтон во времето кога беше објавена видео пораката на Кејт Мидлтон.

    Многумина што страдаат од Кронова болест имаат потреба од операција и д-р Сигел смета дека така е откриен ракот кај принцезата.

    – Таа можеби имала операција на цревата поради Кроновата болест, а подоцна ракот е откриен на патологија – додава тој.

    Сигел смета дека Кејт има рак на дебелото црево а не некој вид гинеколошки рак зашто лековите за таа болест вообичаено не прават губење на косата, а Кејт сѐ уште има својата коса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img