Врнежи од снег и снежна вејавица ја зафати Србија, поизразито во западниот дел од земјата. Претходната ноќ падна снег во реонот на Златиборската област, а во текот на ноќта патните правци во Златибор, Златар, но и на превојот Јабука, низ кој минува патот што води кон Црна Гора и каде се наоѓа истоимениот граничен премин, беа покриени со снег, информираат српските медиуми.
„Имаше два до пет сантиметри снег во областа Златар како и на превојот Јабука кај Пријепоље. Служби реагираа превентивно, особено на критичните превои, се чисти снегот и патиштата се посипуваат со сол – соопштија од надлежните служби за одржување на патиштата.
Приливот на постудена воздушна маса од северот на континентот ја спушти температурата во Србија под просекот за средината на ноември. Под влијание на тој студен воздух земја ќе биде и утре, кога температурата во најтоплиот дел од денот ќе биде под 10 степени.
На планините врне снег и се очекува да се формира снежна покривка до 20 сантиметри, а поради силниот ветер може да се формираат и снежни наноси – најавија метереолозите.