More

    Врховен суд ги отфрли жалбите за предметот „Јавна соба“

    spot_img

    Врховниот суд донесе пресуда за предметот „Јавна соба” со која ги отфрли жалбите на одбраната и ја потврди пресудата на првостепениот суд, со која на обвинетите во случајот на кои им се судеше за производство и дистрибуција на детска порнографија им се изречени казни затвор во траење од по 4 години.

    Според Судот, обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор, иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете. Двајцата обвинети, се наведува во пресудата, имале обврска да се грижат за текстуалната, видео и аудиовизуелната содржина во групата.

    Советот за казниви дела при Врховниот суд на седницата одржана вчера одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот „Јавна соба”

    „Советот за казниви дела при Врховниот суд донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани“ – се вели во соопштението на судот.

    Случајот предизвика граѓански протести Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img