Времето ќе биде сончево и уште малку потопло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.