More

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец

    spot_img

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени, а максималната од 29 до 39, информира УХМР.

    Во Скопје времето претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер со минималната температура од 19 степени, а максималната ќе биде 39 степени.

    До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

    Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 12 до 24 степени, а максималната од 25 до 40 степени.

    Како што соопшти УХМР, в недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img