Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој долж Повардарието ќе засилува. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови краткотрајно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 29 степени.