Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.