Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе започне да дува силен ветер од северен правец кој ќе продолжи и во текот на ноќта што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминуваат во слаб снег.
Температурата ќе достигне до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.
Температурата ќе достигне до 17 степени.