Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини ќе има повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 8 до 18 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.