Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.