Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ фаторот изнесува 10.
Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од северозападен правец и највисока дневна температура до 39 степени.
Најтопло ќе биде во јужниот дел на земјата каде температурата и денеска ќе достигне до 41 степен.