„Тие се мрзоволни старци“, рече Ники Хејли, кандидатка за претседателска номинација на Републиканската партија, за своите ривали во претседателската трка во САД – поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) и актуелниот претседател Џозеф Бајден (82).
Британските медиуми пренесуваат дека Хејли излезе со оценката дека двајца нејзини ривали „одамна го поминале својот политички зенит“.
Кампањата на Ники Хејли (52) денеска соопшти дека почнала со дигитални реклами и меилери што треба да предизвикаат сомнеж во менталните капацитети на Трамп и Бајден, критикувајќи ги дека не водат поенергични кампањи и трошат пари.
Хејли, поранешна американска амбасадорка во Обединетите нации, смета дека е време „за нова генерација на лидерство во Вашингтон“.
Таа ги повика политичарите постари од 75 години да се тестираат за менталните способности и е поборник за ограничување на мандатот за пратениците.
Нејзините аргументи би можеле да одекнат на изборите во ноември, каде што најверојатно ќе се соочат актуелниот американски претседател, кој тогаш ќе има 82 години, и неговиот најсериозен противник, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе има 78 години.