Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2024 година пораснала за 245 денари и изнесува 60.570 денари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2024 година  пораснала за 245 денари и изнесува 60.570 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јули кошничката изнесува 75.945 денари.

Една третина од парите или 22.008 денари одат за храна и пијалаци, потоа за режиски трошоци со 6.014 денари, образование 7.022, облека и обувки 4.979 денари, а најмалку пари се трошат за одржување на здравјето 1.135 денари.

Ако пак се пресметува и станарина  тогаш трошокот на четиричлено семејство за станарина, вода, електрична енергија  би изнесувал 21.389 денари.

Share This Article