Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Си-Ен-Би-Си потврди дека е можно САД да направат стратешка резерва на биткоини слично како на нафтените разерви. Трамп го потврди свеоето ветување од јули кога на конференцијата „Биткоин 2024“ рече дека биткоинот може да ја засени пазарната капитализација на златото од 16 трилиони долари.
– Ќе направиме нешто одлично со криптовалутите затоа што не ја сакаме Кина, или кој било друг… но другите ги прифаќаат (криптовалутите), а ние сакаме да бидеме напред – изјави Трамп за Си-Ен-Би-Си.
Републиканската сенаторка Синтија Лумис поднесе предлог-закон до Конгресот кој предлага САД да купат 1 милион биткоини во текот на пет години за да го намалат националниот долг на САД од 35 трилиони долари.
Во меѓувреме, извршен директор на гигантска компанија од Волстрит го призна биткоинот „ФОМО“.
И пратениците во Русија ја туркаат својата земја да создаде стратешка резерва за биткоин откако рускиот претседател Владимир Путин го пофали биткоинот како алтернатива на девизните резерви по запленувањето на неговите средства од страна на западните влади како одговор на нејзината инвазија на Украина.
Цената на биткоинот се искачи над 100.000 долари за биткоин во време кога се одржуваа ноемвриските претседателски избори во САД.