More

    Вреди: Во буџетот за наредната година се предлага минималната плата да се зголеми за 2.000 денари, односно , да изнесува 24.500 денари

    spot_img

    Во буџетот за наредната година се предлага минималната плата да се зголеми за 2.000 денари, односно , да изнесува 24.500 денари, соопшти владејачката коалиција Вреди.

    „Откако коалицијата Вреди стана дел од извршната власт, нејзин приоритет е економската благосостојба на граѓаните, како и обврските дадени за истата. Како резултат на тоа, со задоволство ги известуваме граѓаните дека во буџетот за наредната година се предлага минималната плата да се зголеми за 2.000 денари и да изнесува 24.500 денари. Ова уште еднаш докажува дека за коалицијата Вреди општото добро е на пиедесталот на владеењето“, соопшти Вреди.

    Со тоа, се додава во соопштението, работниците ќе имаат подостоинствени плати, за да не гледаат на можноста за заминување од државата, како во времето на претходната влада.

    „Напорот за подобрување на условите на работниците се забележува, но не е доволен. Вреди уверува дека за време на целиот мандат платите постепено ќе се зголемуваат, а со тоа ќе се зголемува и квалитетот на животот на работниците. Албанците и сите граѓани заслужуваат подостоинствен живот, заслужуваат повеќе и подобро. Уверуваме дека ќе соработуваме со сите синдикати за да ги слушнеме нивните барања и да ги спроведеме“, соопшти Вреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img