More

    Вработените во Националниот парк Шар Планина информираат дека е утврдено присуство на реткото диво животно – балкански рис во месноста Лешница

    spot_img

    Вработените во Националниот парк Шар Планина информираат дека е утврдено присуство на реткото диво животно – балкански рис во месноста Лешница. Тие го следеле движењето на дивите животни преку поставени видеокамери од почетокот на оваа година.

    „Воспоставеното следење на дивите животни со фото-замки од почетокот на годината ни даде одлични првични резултати, но последното видео ни донесе и солзи радосници. Возбудени сме да ја споделиме информацијата дека го потврдивме неговото присуство во срцето на Шар Планина, во Лешница. Балкански рис (Lynx lynx balcanicus) е предатор и е исклучително ретко диво животно. Тој е еден од избраните клучни видови и е добар индикатор за здравствената состојба на екосистемот“, велат од НП Шар Планина во соопштението.
    Од таму потенцираат дека локалитетот Лешница е посебен предел поради своите бројни вредности, а потврдата дека е живеалиште на рисот е дополнителен аргумент дека заслужува посебен третман.

    „Национален Парк без мали хидро-централи, почитување на режимот за движење со моторни возила, без било какви други негативни човекови влијанија и други недозволени активности. Присуството на рисот во срцето на Шара е потврда дека насоките на управување се добро поставени и со ова би сакале да изразиме благодарност до ренџерската служба, стручниот колегиум и до научниот совет на институцијата, до колегите од секторот природа на МЖСПП и до главните поддржувачи во напорите да се заштитат уникатните вредности на Шар Планина, PONT и Global Conservation“, велат од установата.

    Балканскиот рис е национално обележје на Македонија, го има и на монетата од 5 денари, како и на логото на Националниот Парк Шар Планина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img