Вработените во Амазон ќе го организираат првиот штрајк во Велика Британија против гигантот во среда во знак на протест поради платите.
Членовите на синдикатот GMB излегуваат од складиштето на Амазон во Ковентри поради, како што го нарекуваат подбивното зголемување на платата од 50 п на час.
Работниците зборуваа за Би-Би-Си за суровите услови, тврдејќи дека постојано биле под надзор и прекорувани за „неактивност“ која траела само неколку минути.
Amazon објави дека има систем кој „препознава одлични перформанси“.
Но, двајца работници на Амазон, кои се членови на GMB, рекоа дека роботите во магацинот биле третирани подобро од нив.
Дарен Вествуд и Гарфилд Хилтон за Би-Би-Си опишаа како дури и одењето во тоалет може да доведе до прашања од менаџерите.