Српскиот претседател Александар Вучиќ се наоѓа на аеродромот во Минхен, Германија, но оставен бил да чека некое време во авионот затоа што вработените на аеродромот штрајкувале и никој не сакал да испрати возило по гостинот.
Додека го чека својот превоз, Вучиќ одлучи преку видео да ѝ се обрати на јавноста во Србија.
– Гостопримливите Германци овојпат поради штрајкот на аеродромот не можат веднаш да го испратат возилото, па останавме во авионот уште малку. Ќе имаме тежок и исцрпувачки ден – порача српскиот претседател.
Во продолжение, погледнете го видеото: