More

    Вработени во АР преку отворено писмо бараат да се провери здравствената состојба на претседателката!!!!

    spot_img

    Во однос на последните случувања, ние професионалците од Агенција за Разузнавање, сакаме да се оградиме од изјавите на некој новинари дека Претседателката Гордана Силјановска е информирана од Агенцијата за Разузнавање во врска информации за помилуваните лица. Имено Агенцијата за Разузнавање нема надлежност ни обврска да врши проверка на лица кои треба да бидат помилувани. Единствено за еден конкретен случај во однос на помилување на лицето Акиф Равмановски бевме во неформален разговор известени од член на комисијата за помилување пред тоа да го потпише Гордана Силјановска. Бидејќи се работи за лице кое не е „интересно“ како што кажа Претседателката, туку е непосредна опасност по животите на граѓаните на Република Македонија, усно ја известивме директорката Габриела Јаковлева сметајќи дека е од национален интерес во борбата со Тероризмот, екстремизмот и насилниот криминал. Коментарот од Габриела Јаковлева беше дека не ја интересираат такви лица и нема зошто да ја информира Претседателката. Заменичката воопшто не се ни потрудивме да ја информираме бидејќи таа е заменик директор на партија, а не на институција и само ја интересира поткупот за новите партиски вработувања во АР. Ги информиравме и некој од нашите колеги во АНБ кои потврдија дека се работи за високоризично лице за кое имаат информации дека е можно да го повтори делото. Колегите од АНБ исто потврдија дека се информирани највисоките инстанци на АНБ, но истите немале волја да го известат Премиерот. Сите овие информации подоцна се доставени до Основното Јавно Обвинителство.

    Дали планот за укинување на Агенцијата за Разузнавање и АНБ сака Премиерот да го спроведе по секоја цена со поставување некомпетентни кадри, прикривање информации и загрозување на сигурноста на граѓаните на Република Македонија? Не е ни чудо што Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска не реагирале. Едната цел работен стаж го помина во примање поклони од странски служби, а другата во менување тонер на принтерите во АР.

    Почнаа и заканите против нас внатре во Агенцијата за Разузнавање почнувајќи од Илија Страшевски Директор на еден од директоратите како и Панче Димитриески исто така директор на друг директорат, кои се закануваат секојдневно. Сакаме да ги охрабриме вработените, да продолжат со одбивање на усните наредби и да не се плашат. Ги знаеме криминалите на Илија Страшевски и издавањето на класифицирани информации од страна на Панче Димитриески надвор од АР. Да престанат со закани, бидејќи никој не е над законот и кога тогаш сите ќе мора да се соочат со злоделата кои ги сториле.

    Го повикуваме Уставниот Суд и Пратениците да поведат постапка за проверка на здравствената состојба на Претседателката Гордана Силјановска. Контактиравме Специјалист Психијатар од една НАТО членка кој според одлуките, изјавите и гестикулациите на Претседателката се изјасни дека се сомнева во следните пореметувања:
    – Деменција
    – Дисоцијативна Амнезија
    -Деперсонализација

    Со почит,
    Група Вработени во АР

    Извор: Инфомакс

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img