Вработени го оштетиле „Национални шуми“ за 769.300 денари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против двајца кичевци Б.М.(70) и З.К.(64), и против Т.Ј.(53) од кичевското село Другово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување”, како и против кичевецот А.Т.(36) за сторено кривично дело „кражба”.

– Пријавените, вработени во Шумското претпријатие „Лопушник”, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и бесправно изготвиле службена документација за сеча на 167 метри просторни огревно дрво и ја издале на физичко лице од Прилеп. Со тоа предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми” од 769.300 денари – информираат од МВР.

Share This Article