More

    Најтопло утрово во соседна Виница

    spot_img

    До 8.30 часот со измерени 0 степени Целзиусови утрово е најстудено во Берово, додека најтопло со 8 степени е во соседна Виница која е на само 35 километри оддалеченост.

    Како што соопштија од УХМР, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Охрид, Попова Шапка, 4 во Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, Тетово, Маврови Анови, 5 степени во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Крушево, Дебар, 6 во  Битола, Гевгелија, Штип, Куманово и 7 степени во Кавадарци и Дојран.

    Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност. Наместа дуваше слаб ветер од јужен правец. Изутринава е насекаде сончево. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

    Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img