Вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување – Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци, соопшти МВР.
Овие настани се случиле во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022 година.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.