Матеус Нунес мораше да биде заменет во 74. минута од натпреварот Манчестер Сити – Копенхаген.
Пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите и бизарна, по малку шокантна повреда на Матеус Нунес – еве што Манчестер Сити ќе го памети од синоќешниот натпревар против Копенхаген.
На еден дуел, португалскиот играч за врска остана да лежи на теренот грчеви со болни гримаси. На почетокот на никој не му беше јасно што се случило, но набрзо протекоа фотографии од теренот.
Несреќниот Нунес го скрши средниот прст на левата рака, а тој прст шокантно висеше. Лицата на неговите соиграчи кажуваа многу, не можеа да поверуваат што гледаат.
Секако, со ваква повреда не можеше да ја продолжи играта, па Пеп Гвардиола реши да го замени во 74. минута.