More

    Вознемирената пејачка се огласи и порача!

    spot_img

    На социјалните мрежи веќе извесно време кружат „информации“ дека сопругот на српската фолк пејачка Сека Алексиќ, Вељко, наводно ја забременил дадилката на нивните синови, а пејачката веднаш се огласи за овие наводи.

    Сека веднаш реагирала на ваквите, како што самата вели, измислици и застанала во одбрана и на семејството и на својот сопруг Вељко Пиљиќиќ.

    Еден корисник на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) сподели статус во кој го напиша следново: „Вељко, сопругот на Сека, кој направи бебе на дадилката, а таа глуми семејна идила“.

     

    Сека се огласи за српските медиуми дека е шокирана и разочарана од сите кои се во состојба да измислат такво нешто.

    „Семејството е свето, срам да му е секој што ќе го допре мојот брак и сопруг. Тие што измислуваат такви приказни нека се плашат од Господ.“

    Сека и Вељко се во брак од 2010 година. Сопружниците ја живеат брачната идила во Стара Пазова, каде што изградиле дом од соништата далеку од градската врева и метеж. Многумина велат дека нејзината куќа личи на замок, а се наоѓа среде ниви. Во својот двор има базен, џакузи, но и кокошарник кој го добила од сопругот Вељко за роденден.

    Имаат два сина Јаков и Јован, на кои и двајцата им се многу посветени. Сека и нејзиниот сопруг неодамна го прославија третиот роденден на помалиот син Јован.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img