Вчера на Граничниен премин Јажинце бил уапсен 28-годишник од Косово бидејќи неговото возило било предмет на потрага на Интерпол.
„На 5 август 2024 година, во 19.50 часот, на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода О.К.(28) од Косово затоа што при гранични проверки било констатирано дека патничкото возило ‘мерцедес’ со германски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага на Интерпол Германија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Возилото било одземено, а лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка.