Тешка сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица, се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал на воланот и удрил во автобус со српски туристи, изјави за N1 претседателот на YUTA, Александар Сеничиќ.
Како што рече Сеничиќ, по судирот возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил.
Тројца од жртвите биле во автомобилот кој прв удрил во автобусот, потврди Сеничиќ за грчките медиуми.
Тој вели дека голем број патници на нишката агенција „Ski&sun travel“ се повредени и дека се префрлени во болниците во Солун и Поликастро.
Претседателот на ЈУТА додава дека има лица со скршени раце и нозе, но дека засега нема информации дали има жртви меѓу српските туристи.
Екатимерини: Во друга кола Србинка со дете
Портпаролот на противпожарната бригада Џанис Артопоиос изјави дека од еден од двата автомобили биле извадени три лица во несвест. Од истиот автомобил е извадено и четврто тешко повредено лице. Од вториот автомобил се извлечени две тешко повредени лица. Вториот автомобил го управувала Србинка со дете, пренесува грчкиот портал Екатимерини.
Во туристичкиот автобус имало околу 20 повредени, јавува грчкиот портал Екатемерини. Според портпаролот, во автобусот имало 78 патници, српски туристи кои заминале на одмор во Аспровалта, во регионот на Солун.
Според возачот на автобусот, автомобилот со четворица патници се движел во спротивна насока кога наеднаш удрил во автобусот. Автобусот се свртел наназад и паднал во ендек покрај патот. Автомобилот со четворица патници е целосно уништен.
Оваа сообраќајна несреќа се случила на самиот влез или излез од Грција, во близина на граничниот премин Евзони, на дел од патот кој не е автопат.
На таа делница, која многу возачи ја сметаат за многу небезбедна, средината на улицата често се користи за заобиколување во двете насоки, а побавните возила се движат во лентата за застанување за да направат место за оние кои се брзаат.