Возач на автомобил вчеравечер во Гостивар удрил малолетно девојче, по што избегал од местото, соопшти МВР.
„Синоќа околу 21.25 часот на улицата Светозар Пепоски во Гостивар, патничко возило удрило во малолетничка, по што го напуштило местото на настанот. Малолетничката била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде од лекар и е констатирана тешка телесна повреда“, информира МВР.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.