Ворнер Брос. Дискавери донираше еден милион американски долари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.
„По овој болен настан што го доживеавме, ги променивме нашите преноси на TLC и DMAX за да ги добиваме најновите вести од областа на катастрофата и да ги споделиме со вас“, напишаа тие на социјалната мрежа Инстаграм.
Наведено е дека е исплатена донација од еден милион долари на локални и светски хуманитарни организации.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција на 6 февруари со епицентар во Кахраманмарас.
Бројот на загинатите во земјотресите во Турција се зголеми на 35.418, а во соседна Сирија на 3.688.