More

    Вооружен маж се обидел да ја нападне американската амбасада во Бејрут

    spot_img

    Либанската армија денеска соопшти дека вооружен маж се обидел да ја нападне американската амбасада во предградието Аукар во Бејрут.

    Како што се додава во соопштението, војниците пукале кон напаѓачот, кој го опишале само како сириски државјанин.

    Тој бил ранет и пренесен во болница.

    Локалните медиуми јавија дека вооружениот судир траел речиси половина час, во близина на американската дипломатска мисија во предградието Аукар, северно од Бејрут.

    Американската амбасада соопшти дека во утринскиот напад на влезот на амбасадата нема повредени меѓу персоналот на амбасадата и дека либанската армија и обезбедувањето на амбасадата биле брзо активирани.

    Либанската армија соопшти дека распоредила војници околу амбасадата и во нејзината околина.

    63 лица загинаа во бомбашкиот напад на американската амбасада во Бејрут во 1983 година. Американските власти ја обвинија за нападот либанската вооружена група Хезболах.

    По тој напад, амбасадата беше преместена од центарот на Бејрут во христијанското предградие Аукар, северно од главниот град. На новата локација беше извршен уште еден бомбашки напад на 20 септември 1984 година.

    Во септември 2023 година, либанските безбедносни сили приведоа либански државјанин кој отвори оган во американската амбасада. Во тој напад немаше жртви.

    Во октомври 2023 година, стотици демонстранти, кои го поддржуваат населението на Газа и милитантната палестинска група Хамас во нејзината борба против Израел, се судрија со либанските безбедносни сили во близина на американската амбасада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img