More

    Банкнотите со ликот на кралот Чарлс Трети од денеска се во оптек во Велика Британија

    spot_img

    Банкнотите со ликот на кралот Чарлс Трети од денеска се во оптек во Велика Британија,две години откако тој ја наследи покојната кралица Елизабета како монарх.

    Сликата на кралот Чарлс ќе ја има на новите банкноти од 5, 10, 20 и од 50 фунти. Постојните банкноти со ликот на Елизабета ќе продолжат да се користат.

    – Ова е во согласност со препораките „со цел да се минимизираат финансиските ефекти од оваа промена и последиците по животната средина. Тоа значи дека јавноста многу постепено ќе почне да гледа банкноти (со ликот на) кралот Чарлс III – информираат од Банката на Англија.

    Елизабета беше првиот монарх што се појави на британските банкноти, додека монетите во Англија прикажуваа слики на кралеви и кралици повеќе од 1.000 години.

    Дизајнот на новите банкноти беше откриен во декември 2022 година, набргу откако монетите со ликот на Чарлс стапија во употреба. Освен новиот крал, дизајнот на банкнотите не се промени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img