Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Алексеевна Лвова-Белова за воени злосторства во Украина.
„Владимир Владимирович Путин, претседател на Руската Федерација, наводно е одговорен за военото злосторство за незаконска депортација на население (деца) и за незаконско префрлање на население (деца) од окупираните области на Украина во Руската Федерација. Злосторствата наводно биле извршени на украинска окупирана територија од 24 февруари 2022 година. Постојат разумни основи да се верува дека г-дин Путин сноси индивидуална кривична одговорност за гореспоменатите злосторства, за извршување на делата директно, заедно со други и/или преку други, и за неговиот неуспех да изврши соодветна контрола врз цивилните и подредени лица во војната, кои ги извршиле дејствијата или дозволиле нивно извршување и кои биле под негово ефективна овластување и контрола, согласно супериорната одговорност“, се вели во соопштението на Меѓународниот кривичен суд.
Таму е наведено дека „Г-ѓа Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесар за правата на децата во Канцеларијата на претседателот на Руската Федерација, наводно е одговорна за военото злосторство за незаконска депортација на население (деца) и за незаконско пренесување на населението (деца) од окупираните области на Украина до Руската Федерација. Злосторствата, наводно, биле извршени на украинска окупирана територија од 24 февруари 2022 година. Постојат разумни основи да се верува дека г-ѓа Лвова-Белова сноси индивидуална кривична одговорност за гореспоменатите злосторства, бидејќи ги извршила делата директно, заедно со други и/или преку други“.
Советот смета дека налозите се тајни со цел да се заштитат жртвите и сведоците, а исто така и да се заштити истрагата.
Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, во интервју со Гласот на Америка рече дека ова е вонредна вест и дека „ќе мораме да го разгледаме ова пред да можеме да дадеме каков било вид официјален коментар“.
– Посебно и различно од тоа, претседателот Бајден беше јасен, ние сакаме да се погрижиме Русија да одговара за злосторствата, за воените злосторства, за злосторствата против човештвото што ги прави внатре во Украина, против украинскиот народ. Ќе продолжиме да им помага на меѓународните тела додека собираат докази и почнуваат да ги анализираат тие докази – рече Кирби.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави денеска дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секој нивни налог за апсење е ништовен.
„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект“, објави Захарова на Телеграм.
Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.
„Русија не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни“, напиша Захарова.
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воени злосторства извршени во Украина.