Околу 500 терористи на Хамас и на групата Исламски Џихад тренирале во Иран за нападот на 7 октомври со кој започна војната во Израел, пишува Волстрит Џурнал. Весникот тврди дека обуките се одвивале недели пред нападот, а обуката ја држеле офицери од силите на Кудс, единица за надворешни операции на Иран, рекле неименувани извори запознаени со разузнавачките информации.
Дури, тврди Волстрит Џурнал, на вежбите присуствувале високи палестински претставници и иранскиот генерал Есмаил Каани, прв човек на Кудс. Исто така, иранските безбедносни службеници наводно дале зелено светло за нападот од 7 октомври пет дена претходно, пишува весникот и цитира изјави од високи членови на Хамас и либанското движење Хезболах, поддржано од Иран.
Неколку часа пред објавувањето на извештајот, портпаролот на израелските одбранбени сили ИДФ, контраадминистраторот Даниел Хагари, покажа со прст директно кон Иран затоа што помогнал во планирањето на бруталниот напад. „со обука, снавдување со оружје, пари и технолошко знаење, разузнавачки информации и онлајн поттикнување против државата Израел“.
Но, американските власти се спротивставија на тој извештај, велејќи дека нивните разузнавачки служби не покажуваат директна врска меѓу иранските власти и нападот. САД сепак истакнаа дека Техеран е долгогодишен поддржувач на Хамас.
Една недела претходно, Блинкен рече дека САД немаат „директни докази дека Иран бил вклучен во нападот, ниту во неговото планирање, ниту во неговото извршување. Но, тоа може да се промени“.
Иран ги отфрли овие наводи.
Норман Рул, највисокиот американски разузнавач за Иран од 2008 до 2017 година, вели дека Иран долго време бил вклучен во обуката и финансирањето на воените групи во областа, но тоа не значи дека тие ги организирале нападите на 7. октомври.