Володимир Зеленски ќе се соочи со многу тежок период во наредните месеци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Володимир Зеленски ќе се соочи со многу тежок период во наредните месеци, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Во изјава за италијанскиот портал „Кориере дела сера“, Кличко рече дека украинскиот претседател ќе мора да донесе тешки одлуки кои би можеле да доведат до „политичко самоубиство“.

Тој предупреди дека Зеленски можеби ќе треба да распише референдум во Украина доколку има територијален компромис со Русија.

– Следните месеци ќе бидат многу тешки за Володимир Зеленски. Дали ќе мора да ја продолжи војната со нови смртни случаи и уништувања или да ја разгледаат можноста за територијален компромис со Путин? – ја изнесе дилемата Виталиј Кличко.

Тој истакна дека Зеленски ќе биде пред тешка одлука во обид да ја прекине војната.

– Каков потег и да направи, нашиот претседател ризикува политичко самоубиство. Да бидеме искрени, мораме да ја добиеме војната, но ситуацијата станува се потешка. Зависи од помошта што доаѓа од сојузниците. Би било кошмар ако ние мора да се бориме уште две години – рече Кличко.

Share This Article