Војвотката му испратила писмо на Чарлс

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Само неколку дена откако беше објавено дека Маркл ќе го прескокне крунисувањето на Чарлс на 6 мај, објавено е и дека таа открила шокантни детали од инцидентот што го обиколи светот пред неколку години во писмо до кралот Чарлс, кога член на кралското семејство шпекулираше за бојата на кожата на нејзиниот син, објави во петокот британски „Телеграф“.

 

Несвесната пристрасност спомната од Меган во писмото, а подоцна и во интервјуто со Опра Винфри, се однесува на дискусиите во кралското семејство за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи. Во писмото Меган го спомнала и името на лицето кое ја коментирало кожата на бебето, а писмото наводно било испратено по интервјуто со Опра.

Се наведува дека војвотката од Сасекс испратила писма до кралот Чарлс по интервјуто со Опра Винфри во Сасекс.

Меган во интервјуто во 2021 година тврдела дека имало „загриженост и разговори“ во кралското семејство за тоа колку темна може да биде кожата на нејзиниот син кога ќе се роди.

Винфри потоа прашала дали би било проблем ако нејзиниот син е „премногу кафеав“, на што Меган одговорила: „Ако тоа е твојата претпоставка, тоа сосема е сигурно“.

По тие тврдења, Меган наводно добила писмо од тогашниот принц од Велс во кое ја изразува својата тага поради раздорот.

Кралот Чарлс исто така рекол дека е разочаран што Хари и Меган почувствувале потреба да изесат такви гласни и штетни обвинувања, објави „Сан“.

- Advertisement -
Ad image

Чарлс, наводно, бил единствениот постар член од семејството кој стапил во контакт со Меган по тоа интервју.

„Да, имаше преписка, имаше писма од војвотката од Сасекс до кралот. Но, тоа беше пред две години, нема врска со нејзината одлука да не дојде на крунисувањето, нагласил изворот сега, реферирајќи на крунисувањето на кралот Чарлс Трети на 6 мај.

Share This Article