Војната на Израел против Хамас би можела да трае една генерација, а ослободувањето на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група мора да остане главен приоритет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Војната на Израел против Хамас би можела да трае една генерација, а ослободувањето на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група мора да остане главен приоритет, изјави пензионираниот израелски генерал, Бени Ганц.

Ганц вчера им соопштил на жителите на евакуираните заедници на југот на Израел дека е потребно итно ослободување на заложниците, јави израелскиот Канал 12.

-Има време да се уништи Хамас, нема повеќе време за заложниците, тие се приоритет во моментов – рече Ганц.

Според него, ќе биде потребно време за целосно отстранување на заканата од Хамас, а се очекува до лето да се воспостави релативна безбедност.

Ганц истакна дека израелските војници во Појасот Газа наскоро ќе стигнат до градот Рафах, што се граничи со Египет, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Share This Article