Воената влада на Мјанмар во средата ја забрани работата на 40 опозициски партии поради неисполнување на крајниот рок за регистрација пред изборите.
Меѓу нив е и Националната лига за демократија (НЛД) на Аунг Сан Су Чи, која беше соборена од воената хунта во 2021 година.
НЛД веќе најави дека нема да се регистрира, оценувајќи ги изборите како фалсификат.
Партијата и другите критичари велат дека изборите нема да бидат ниту слободни ниту фер во земја под воена управа која ги затвори слободните медиуми и ги уапси повеќето партиски лидери на Су Чи.
НЛД победи убедливо на изборите во ноември 2020 година, но во февруари 2021 година, војската ги блокираше сите избрани пратеници да земат места во парламентот и ја презеде власта.
Тоа предизвика спротивставување кај народот и започнаа демонстрации, кои беа насилно задушени.
Су Чи (77) отслужува вкупно 33 години затвор откако беше осудена во серија судења иницирани од војската. Нејзините поддржувачи велат дека обвиненијата се направени за да ја спречат да учествува во политиката.