More

    „Водостопанство“ ќе заштеди струја и нема да го поскапи наводнувањето

    spot_img

    Со грант вреден 765.158 евра од Кралството Шпанија, земјава ќе подготви студија за поставување пловечки фотоволтаични централи. Целта е да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици и да не се дозволи да дојде до поскапување на водата за наводнување што ја користат земјоделците.

    Договорот за грантот го потпишаа денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставниците од шпанската компанија „Глобалтек“ која треба да ја обезбеди техничката поддршка.

    Реализацијата на проектот ќе биде во три фази. Со првата ќе се идентификуваат локациите за поставување на фотоволтаични централи, втората е за  концептот, дизајнот и физибилити студијата, а трета ќе биде фаза на поставување на фотоволтаичните системи.

    Грантот е обезбеден преку Европскиот план за закрепнување, трансформација и отпорност, а поддржани од Министерството за индустрија, трговија и туризам на Шпанија.

    -Производството на струја преку фотоволтаични централи треба да помогне да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици. Струјата последните две години отиде многу високо и трошоците се многу големи. За да не се зголеми цената на водата што им се дава на земјоделците, производството на оваа енергија ќе се користи како компензација на струјата, односно за цената на водата да остане непроменета – објаснија од МЗШВ по потпишувањето на Договорот.

    Според министерот Николовски, нема стабилно земјоделство без стабилен систем за наводнување, а вложувањето во водоснабдителни капацитети е еден од клучните приоритети на МЗШВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img