Данската телевизија ТВ 2 ги спореди навивачите и играчите на Мароко со мајмуни и тоа со фотографии. На фотографиите се прикажани мароканските фудбалери како се гушкаат со своите мајки, откако освоија четврто место на Светското првенство во Катар. Набргу потоа беше покажана слична фотографија на семејство мајмуни.
Во прилогот на данската телевизија се прави паралела меѓу игра и семејство мајмуни. Имено, водителот на телевизијата, Кристијан Хог Андерсен, сакал да се надоврзе на сцената со гушкањето од спортски прилог за Светскот првенство во Катар, со следниот прилог кој се однесувал на друга тема, имено на мајмуни, и прикажал фотографии на кои тие исто така се гушкаат.
Телевизијата тврди дека тоа не било намерно, но многу од гледачите не се согласуваат.
„Свесни сме дека ова може да се доживее како расистички коментар и ние, водителот Кристијан Хог Андерсен, и телевизија ТВ2 најдлабоко се извинуваме и жалиме поради тоа“ – се вели во официјалното извинување, кое уследи по бурата од реакции во јавноста.
– Длабоко се извинуваме што водителoт на ТВ 2 Вести даде коментар кој е и погрешен и навредлив. Иако тоа не беше намера на водителот, тоа е забелешка од која се оградуваат и нашиот водител и ТВ 2. Ова беше јасна грешка, се извинуваме за тоа и ќе ја земеме предвид во работата на ТВ 2 Вести во иднина – изјави Ен Мете Свејн, главен уредник на индформативната програма на ТВ 2.