More

    Води кандидаткaта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 257.105 гласови (39,15%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 125.825 гласови (19,19%)

    spot_img

    Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 73 проценти од гласовите, односно 2.575 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидаткaта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 257.105 гласови (39,15%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 125.825 гласови (19,19%).

    Трет е Бујар Османи од ДУИ со 94.585 гласови, Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 67.604 гласови, Максим Димитриевски од ЗНАМ има 55.158 гласови, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 29 164 гласови и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 494 гласови.

    Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

    ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

    Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

    Одѕивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

    За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

    Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img