More

    „Во земјата преплавена со насилство и реални шоуа прашање е дали разоружувањето ќе е доволно“

    spot_img

    „Српскиот претседател Александар Вучиќ е про-Кремљ авторитарец кои ги има своите корени во екстремниот десничарски национализам како министер за информатика во владата на воениот злосторник Слободан Милошевиќ“.

    Вака го опишува британски „Гардијан“ српскиот лидер во напис за големата акција за собирање оружје во земјата по двата масакри кои го завија регионот во црно.

    „Гардијан“ пишува дека Вучиќ ги осудил масакрите како „напад врз целата наша земја“, но дека во „длабоко поделената нација преплавена со смртоносно оружје, каде се величаат воените злосторници, реалните ТВ-шоуа и каде луѓето сè уште се преокупирани со трагичните настани што се случија неодамна, многумина се сомневаат дали ветувањето на претседателот за разоружување на земјата ќе биде доволно“.

    Србите предале повеќе од 13.500 парчиња оружје, потсетува Гардијан.

    „Вучиќ доби одредени пофалби, особено во странство, за овој потег, при што некои коментираат дека неговата решителност е во спротивност со очигледната неспособност на САД да се справат со оруженото насилство“, се вели во статијата и се додава:

    „Но, додека нивниот претседател вети „остар одговор, итни мерки и строги казни“ за борба против криминалот, многу Срби се прашуваа што друго се крие зад тоа и колку Вучиќ можеше да придонесе за прекумерното насилство во земјата, во нејзината политика и на телевизија“.

    „Гардијан“ потсетува дека илјадници луѓе во петокот излегоа на улиците на Белград на вториот протестен митинг „Србија против насилството“ предводен од опозицијата. Вучиќ пак, ги обвини своите противници дека се обидуваат да ги искористат трагедиите за политички цели и најави планови за свој митинг на крајот на мај.

    Во неделата тој изјави дека „наскоро“ ќе поднесе оставка како лидер на Српската напредна партија, ветувајќи нови парламентарни избори пред крајот на септември, пишува Гардијан.

    Никој не знае колку оружје има во Србија. Маја Бјелош, истражувачка во белградскиот центар за безбедносна политика вели дека вкупната бројка на легално и нелегално оружје се проценува на 1,5 до 3 милиони парчиња, но дека оружјето што останало од војните во 1990-тите е само дел од арсеналот.

    – Постои традиција на огнено оружје во куќата, пренесена од колено на колено, на пукање во воздух за време на веселбите – рече таа.

    „Гардијан“ наведува и петиција потпишана од 450.000 луѓе со која се повикуваат две провладини телевизиски станици да ја изгубат дозволата за емитување.

    – Во Србија постои „индустрија на популизам“ која е дизајнирана да го промовира Вучиќ и да ги оцрни неговите противници – вели Зоран Гавриловиќ, социолог во Бирото за социјални истражувања.

    Во меѓувреме, на социјалните мрежи стана популарна песната „Нација под окупација“ која ја испеа хорот од деца „RocHoir“ на протестите во Белград. Тоа е преработка на бендот Мортал Комбат, а стихот кој ги освои твитерџиите гласи: „нашите деца си одат, се секирам дали ќе се вратат, а ти гледаш ријалити“.

     

    Илустрација: crayion.com
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img