More

    Во Загреб почина 7-годишно дете по операција на крајници

    spot_img

    Седумгодишно дете починало една недела по операцијата на крајници во загрепската болница „Свети Дух“, пишуваат хрватските медиуми.

    „Во четврток, 25.07.2024 година, по реанимација во Клиничката болница Свети Дух, почина седумгодишно дете“, соопштија од болницата.

    Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено без витални знаци.

    Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата д-р Игор Алфиревиќ.

    – За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети Дух“ почина седумгодишно дете – изјавил тој.

    Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img