Во вонбрачна заедница живеат 1,6% од паровите во Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државниот завод за статистика денеска објави нов сет на податоци од Пописот 2021 кои се однесуваат на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.

Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од над 15 години, според брачниот статус има 23,8% неженети/немажени, 65,3% мажени/женети, 7,2% вдовци/вдовици и 1,6% разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/вдовици и 13 случаи разведени во возрасната група од 15 до 19 години.

Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98,4 % живеат во брачна заедница, а 1,6% во вонбрачна.

81,1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а 11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.

Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република Северна Македонија.

Деталните податоци можете да ги најдете на следниот линк:

https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021__NaselenieVkupno__Naselenie__Demografija/

https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021__NaselenieVkupno__Naselenie__Demografija/

Share This Article