Во Волино се одржа Јавната расправи по Студијата за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во петокот,  во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца.

На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино.

Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата.

Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Дебрца.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Share This Article