Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак (Србија) утринава дошло до силна експлозија во кој се повредени 4 лица од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.
Од болницата во градот соопштија дека со изгореници на лицето, вратот и раката е примен 36-годишен маж, кој по набљудување е сместен на одделението за интензивна нега.
Според првичните информации експлозијата се случила во одделението за пиротехника.
Екипи на полицијата и брзата помош се на терен.
Експлозии во воената фабрика „Слобода“ се случија во 2021 година во неколку наврати, но тогаш ннемаше повредени.