Во Венеција продолжува потрагата по „идиотот“ кој скокна од врвот на зградата во каналот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италијанските власти трагаат по маж кој минатиот четврток скокна од врвот на трикатна зграда во канал во Венеција.

Нарекувајќи го човекот „идиот“, градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро напиша на Твитер дека на човекот треба да му се даде „потврда за глупост и неколку шамари“ за чинот, кој стана вирален на социјалните мрежи, пренесува CNN.

Градоначалникот на својот профил објави видео од скокот, пишувајќи дека и човекот и неговиот соработник кој го снимил видеото ќе бидат уапсени. На видеото се гледа како маж облечен само во боксери скока од покривот на зграда во канал.

„Се обидуваме да го идентификуваме и пријавиме, и него и неговиот пријател кој го направи ова идиотско видео за социјалните мрежи“, напиша Бруњаро.

Тој додаде дека испратил полиција во зградата за да открие како мажот успеал да влезе во приватната станбена зграда и да стигне до покривот.

„Со тој скок си го ризикуваше животот, но пред се е деликвент. Тие не ја разбираат опасноста што ја предизвикуваат во градот. Што ако бродот минува низ каналот во тој момент?” рече градоначалникот.

Бруњаро ги повика сите што го гледале видеото да им помогнат на властите да го идентификуваат сторителот – кого тој го нарече турист – но и да не го „лајкнуваат“ видеото на социјалните мрежи.

Овие идиотизми ги прават за „лајкови““, рече градоначалникот и додаде дека сторителот „ќе биде кривично гонет“.

Овој скок е само најнов пример за лошо однесување на туристите во Италија.

- Advertisement -
Ad image

Минатата година, повеќе од 40 туристи беа уапсени за пливање (понекогаш целосно голи) во каналите во Венеција, а еден маж беше уапсен поради сурфање на Гранд Канал.

Вакви работи не се случуваат само во Венеција. Американски турист е казнет затоа што направил штета од 25.000 долари фрлајќи електричен скутер по Шпанските скали во Рим, а турист од Саудиска Арабија е казнет откако возел изнајмено Maserati по скалите.

Друг турист возел автомобил на мостот Понте Векио во Фиренца – кој е само за пешаци – а еден посетител се возел со мопед околу урнатините во Помпеја.

- Advertisement -
Ad image

Туристите уништија и статуи во Музејот на Ватикан.

Туристите беа казнети и затоа што резбале иницијали на споменици на културата, краделе делови од римскиот Колосеум, но и земале се од мозаици до делови од скулптури од најпознатите италијански споменици и музеи.

Share This Article