More

    Во училиште во Крањ, Словенија, наставник фатил ученик за врат и трипати го избодел со хемиско пенкало

    spot_img

    Во училиште во Крањ, Словенија, наставник фатил ученик за врат и трипати го избодел со хемиско пенкало, објавуваат словенечките медиуми.

    Според нивните извори, настанот се случил на почетокот на месецов, но не бил објавен од официјални полициски извори, а момчето било полесно повредено. Управата на училиштето го суспендирала наставникот од настава, а полицијата води истрага.

    Од полициската управа Крањ потврдија дека на почетокот на месецов имало напад во едно од основните училишта, но не ги откриваат деталите, како што наведоа, поради заштита на личните податоци, секундарна виктимизација на жртвата и одредбите од Кривичниот законик.

    Полициски службеници спроведуваат истражна постапка против едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело и сите наоди ќе ги пријават до надлежното државно обвинителство, соопштија оттаму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img