More

    Во трката во Сао Паоло стартува на првата позиција

    spot_img

    Данскиот возач на Хас, Кевин Магнусен, ќе стартува од првата позиција во спринт трката за Големата награда на Бразил која во рамки на Светското првенство во Формула 1 ќе се вози денеска во Сао Паоло.

    Магнусен на големо изненадување оствари најдобро време во вчерашните квалификации, искористувајќи ги временските услови кои се влошија при крајот.

    И за Магнусен, и за неговата екипа Хас, ова е прва пол – позиција во историјата.

    Од второто место ќе стартува светскиот првак, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), а од третото британскиот возач Џорџ Расел (Мерцедес).

    Редоследот на денешната спринтерска трка воедно ќе бидат и стартни позиции за „вистинската” трка за Големата награда на Бразил, која ќе се вози в недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img