More

    Во Токио сезоната на цутење на црешите започна десет дена порано

    spot_img

    Во Токио официјално беше најавен почетокот на сезоната на цветање на црешите, десет дена порано од вообичаената сезона, додека експертите сметаат дека оваа појава, која се повторува во последните години, е поврзана со глобалното затоплување.Прогласувањето на сезоната го означува почетокот на „ханами“, јапонската традиција на восхитување на новите цветови „сакура“ (цреша) и прославување на доаѓањето на пролетта со организирање пикник со семејството или пријателите.

    Цветот на црешата е настан кој будно се следи низ целата земја.

    Јапонските медиуми се натпреваруваат во прогнози низ целиот архипелаг и секоја година со ентузијазам ја пренесуваат веста.

    Нежните цвеќиња во бела и розова боја веќе се појавија толку рано во Токио во 2020 и 2021 година, според Јапонската метеоролошка агенција, која го следи феноменот веќе 70 години.

    Минатата година сезоната беше одложена за шест дена.

    „Досега имавме многу топли денови во март. Можеби и климатските промени одиграа улога“, вели претставникот на метеоролошката служба.

    Во претходните години таа служба оценуваше дека пораното цветање на црешата е поврзано со порастот на температурата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img